Македонија
27. October 2016 - 14:34

Пијан битолчанец ја претепал сопругата: Го откорнал браникот и удрил по неа

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т. (40) од с. Кравари, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
 
На 18/19. минатиот месец во периодот од 23.00 до 01.30 часот  пријавениот, во семејната куќа, откако се довел во алкохолизирана состојба, без повод и причина физички ја нападнал поранешната сопруга Н.Т.(37).
 
Пријавениот, кој се уште живеел заедно со оштетената, ја удирал истата во пределот на главата, а во еден момент излегол надвор , од возилото го откорнал браникот и со него ја удрил во пределот на левата рака, нанесувајќи и телесна повреда.