Бизарно но вистинито
16. јуни 2017 - 15:52

"Пиев вода со која бањале мртовец" - Ужасна исповед на жртва на врач

Жена во средни години била жртва на еден измамник кој и се представил како врач и некој кој има решение за сите нејзини проблеми. Дека била жртва на опасен измамник сфатила откако посетила лекар во странство. Тие ја испрашувале од каде бактерии на нејзиното тело кои ги имаат само мртовците. Тогаш се посомневала во врачот бидејќи тој и давал вода за пиење со која се бањаат мртовци.

- Се почна пред 3 години, кога приметив позитивни промени кај пријателка. Таа ми рече дека запознала лекар кој многу и помогнал - раскажува жената која инсистирала да остане анонимна.

- Си реков дека можеби и мене ќе може да ми помогне.

Во неговата ординација видела голем број на жени меѓу кои имало и јавни личности. Сите го фалеле врачот.

- Погоди дека се разведувам и дека иако имам добра работа во странство не сум среќна. Рече дека има решение за мене и дека ќе поработи на мојата среќа - раскажува белграѓанката.

- Се гледав со него во ординацијата и на јавни места. Ми даде и некоја заштита и ми рече дека тоа ми е амајлија. Така малку по малку почна да ми се нафрлува онака дискретно. Признавам имаше шарм и ми годеше, но сепак не бев спремна за врска или авантура.

Жената тоа го кажала и на врачот. Како и да е дошла во Белград само да се среди и дека наскоро ќе мора да се врати на работа. Ја повикал во ординација а таа приметила дека нема клиенти.

- Ми даде некој сок, а потоа флаша вода, ми рече дека морам да ја пијам во наредниот период.

Набрзо жената се исфрлала на кожата а и се влошила и психичката состојба. Следеле посети кај лекар. 

- Ми поставуваа најразлични прашања а тогаш ме шокираа со прашање дали сум имала однос со мртов човек. Ми објаснија дека исфрлувањето е предизвикано од бактерија која се наоѓа на телата на мртви луѓе. Се сетив на флашата вода која веднаш ја однесов на лекарите и со анализа е утврдено дека има присуство на таа бактерија.

- Сфатив дека на тој начин тој сакаше да ме запоседне - вели жената.

Во своите обреди, врачарите најчесто користат мртовечка вода со која се бањаат мртовци, ја користат за варење на кафе или ја додаваат во млеко. Оваа вода на многу начини може да влијае на многу начини на луѓето, но пред се цел е тие да немаат контрола над својот живот и волја.