Здравје
2. February 2017 - 15:22

Пиете парацетамол и ибупруфен? - Ова мора да го знаете

Многу често кога имаме главоболка, покачена температура или било каква друга болка, не размислуваме многу и веднаш посегнуваме по таблетите парацитамол или ибупруфен, но треба да припазиме на дозата а еве и зошто:
 
Жените кои двапати неделно земаат парацетамол или ибупруфен ризикуваат трајно да го изгубат слухот- Вели истражување во болницата Brigham and Women's” во САД.
 
Лекарите веруваат дека овој феномен веројатно предизвикува намален протокот на крв во внатрешното уво и предозвикува штета од изложеност на бучава.
 
Есна од дваесет жени може да ги обвини овие две таблети за губење на слухот - вели Daily Mail 
 
Една од дванаесет жени во САД зема еден од овие лекови што за шест години го зголемува ризикот за загуба на слухот за девет посто.
 
Во истажувањето учествувале 55.850 жени на возраст од 44 до 49 годишна возраст.
 
Според овие истражување овие лекови го спречуваат дотокот на крв до внатрешното уво.
 
Сепак, редовни дози на ибупрофен - според една анкета - може да го намали ризикот од рак на белите дробови кај пушачите.
 
Истражувањето од Државниот универзитет во Охајо покажа дека ниски дози на ибобруфен, може да го успорат процесот кој води кон тумор на белите дробови.