Здравје
7. September 2017 - 21:09

Пиењето кафе штити од рак на дебелото црево

Редовното пиење на кафе го намалува ризикот од рак на дебелото црево до 50%, покажува новото истражување, цитирано од списанието Health.

Колку повеќе пиете кафе, толку повеќе паѓа и ризикот. Според научниците дури не е важно дали кафето е со или без кофеин.

“Заштитниот ефект доаѓа не од кофеинот, туку од антиоксидантните состојки на кафето, кои се ослободуваат во процесот на печење”, коментира д-р Гад Ренарт. Тој е директор на центар за истражување на онколошките заболувања во Хаифа, Израел.

“Со години не бевме сигурни дали кафето е опасно за нас. Денес имаме докази за спротивното “, додава тој.

Во истражувањето на Ренърд учествувале 5100 мажи и жени, дијагностицирани со рак на дебелото црево. Нивните навики биле споредени со над 4000 мажи и жени кои не страдаат од оваа болест.

Истражувачите откриле дека земањето на до 2 чаши кафе на ден го намалува ризикот од рак на дебелото црево за 26%.

Кај оние кои пијат над 2 чаши, ризикот се намалува за 50%. Ракот на дебелото црево е третиот најпопуларен вид на предавничката болест во САД. Влијае на речиси 5% од мажите и 4% од жените.