Фудбал
21. August 2016 - 18:57

ПФЛ: Работнички прв со три победи и без примен гол

 Работничка ја совлада Ренова и се одвои на врвот на табелата од Првата македонска фудбалска лига, освојувајќи максимални 9 бодови по првите три рунди.
 
Шампионот Вардар извојува минимален триумф на гостувањето кај Победа, а Пелистер и Македонија ЃП за првпат во новата сезона ремизираа.
 
Постигнати резултати на четири завршени натпревари од 3.коло во ПМФЛ:
Брегалница – Силекс 0:2,
Македонија ЃП – Пелистер 2:2,
Победа – Вардар 0:1 и 
Работнички – Ренова 1:0.
 
Натпреварот помеѓу екипите на Шкендија и Шкупи на барање на екипата на од Тетово е одложен поради настап на Шкендија во плеј-офот во Лигата на Европа на УЕФА. Терминот на одигрување на овој натпревар дополнително ќе биде закажан од страна на Комисијата за натпревари на ФФМ.
 
Табела: Работнички 9 бодови, Пелистер 7, Вардар 7, Силекс 6, Ренова 5, Шкендија 3 (натпревар помалку), Шкупи 1 (натпревар помалку), Македонија ЃП 1, Брегалница 1, Победа 0.