Петтиот пакет економски мерки пред усвојување од Владата, вели Заев
Премиерот Зоран Заев верува дека Владата ќе биде подготвена утре на редовна седница да ја усвои информацијата за петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните поради ковид пандемијата.
Одговарајќи на новинарско прашање Заев денеска истакна дека се прават последните консултации и по усвојувањето на мерките од Владата ќе се стартува со подготовка на формално-правните аспекти за нивна реализација.
-Петиот пакет мерки го работевме и викендот, со министерот за финансии, потпретседателот за економски прашања, со другите економски ресори постојано во комуникација и координација, верувам дека утре Владата ќе носи одлука за нив ако се е подготвено на својата редовна седница. Мислам дека денеска се прават последните консултации, интерресорски, а и со чинителите, синдикати, работодавачи, комори, работници и сите кои се вклучени во овој процес. При самиот крај сме и јас како претседател на Владата верувам дека утре ќе бидеме подготвени да ја усвоиме комплетната информација со мерките, да може да се соопштат и презентиарат и веднаш да влеземе во подготовка на правно формалните аспекти, законите, уредбите, одлуките за нивно спроведување, изјави Заев, по потпишувањето на Договорот за грант за обновливо извори за енергетската транзиција.
Финалниот предлог на петиот пакет мерки викендот беше презентиран пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во државава.
Како што информираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, последниот пакет за помош поради ковид пандемијата содржи 30 мерки кои може да се поделат во четири столба: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право