Македонија
21. јуни 2016 - 8:24

Петти ден расправа во Собранието за импичмент на Иванов

Во Собранието на Република Македонија за денеска напладне е најавено продолжение на расправата за Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, поднесен од пратениците од опозицијата.

На дебатата во рамки на 105-тата седница, која трае веќе пет дена, пратениците ќе расправаат за одговорноста на Иванов за одлуката за аболиција и за подоцнежното повлекување.

Во досегашната расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата на опозицијата е несонована, а тие од СДСМ и ДУИ сметаат дека претседателот мора да сноси одговорност за помилувањето и треба да биде отповикан.