Свет
13. April 2017 - 21:21

Петта жртва на антивладините протести во Венецуела

Антивладините протести во Венецуела ја зедоа и петтата жртва.

Триесет и двегодишен маж почина денеска од прострелна рана, со која се здоби за време на протестот против венецуелскиот претседател Николас Мадуро во вторникот вечерта во сојузната држава Лара.

Опозицијата за денеска планира нови протести против шефот на државата во секоја од 335-те општини во Венецуела.