Loading Video...
Ракомет
16. August 2018 - 18:48

Петта победа на младите македонски ракометари

Македонската ракометна репрезентација со максимални пет победи ја заврши групната фаза на Европското првенство за играчи до 18 години што се одржува во Грузија.
 
„Црвено-жолтите“ попладнево ја совладаа Естонија со 26:22 за потврда на 1.место во А групата, па сега ќе го очекуваат исходот од вечерашниот меч од Б групата меѓу Белорусија и Италија, по што ќе го дознаат својот противник за полуфиналето кое ќе се игра во сабота.