Свет
26. December 2017 - 12:35

Петрушев: Дојавите за бомби ни пристигнуваа од САД, Украина, Турција и Јапонија

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Петрушев, изјави дека извештаите за бомбите, наводно поставени во 2.500 објекти во Русија, биле примени од „телефоните на терористите" од САД, Украина, Турција и Јапонија.

- Од септември, околу еден милион луѓе се евакуирани од повеќе од 2.500 објекти низ цела Русија поради лажни дојави за бомби, изјави Петрушев за руското списание „Руски аргументи и факти".

Според него, 75 руски региони добиле лажни информации за бомби, а истрагата покажала дека голем број од овие повици доаѓаат од странство преку ИП телефонија (Internet protocol telephony) од Турција, Украина, САД и Јапонија.

- Поради тоа, ја интензивиравме нашата соработка со нашите партнери од странство, со цел да ги здружиме напорите за наоѓање и изведување пред лицето на правдата на оние кои се вклучени во такви злосторства, рече Патрушев.