Македонија
20. March 2017 - 17:13

Петровски целосно го отфрли обвинението од Пировска – Спасовски не се појави пред ОЈО за финансирањето на кампањата

Директорот на државниот архив Филип Петровски утрово се јави на распит во Основното јавно обвинителство. За објавување на сопствено мислење преку социјалната мрежа Твитер, Петровски се товари за предизвикување на општа опасност и загрозување на националните и верски права. Распитот по барање на Уранија Пировска и Хелсиншкиот комитет, првиот човек на Државен архив го оцени како преседан и сериозен удар врз слободата на изразување. Пријавата против него ја поднесе Минстерството за внатрешни работи под раководство на Оливер Спасовски од СДСМ.

 Денеска бев да дадам исказ по пријава која е поднесена од Уранија Пировска од непостоечкиот Хелсиншки комитет на светско ниво. Од една невладина организација, која го злоупотребува старото име кое некогаш постоело, а се злоупотребува со цел за да се креира јавно мислење какво што и одговара на крајната левица, либералите кои се спротивставуваат на секое спротивставено мислење, на секој спротивен политички став и идеологија, спонзорирана од странство и од Сорос. Практично за еден твот кој што сум го објавил пред изборите тие прават случај – рече Петровски.

За разлика од Петровски пак, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски попладнево не се појави на распит во Основното јавно обвинителство, со тврдење дека не добил никаква покана, и покрај тоа што од обвинителството потврдија дека Спасовски бил повикан на распит. Во улога на организатор на изборната кампања на СДСМ за парламентарните избори во декември, Спасовски се сомничи  за поднесување лажни финансиски извештаи. Обвинителството пред повеќе од еден месеци оформи предмет против СДСМ како правно лице и повеќе други лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик. За истата истрага во петокот на распит беше повикан и ледерот на партијата ЗОран Заев, кој постапка на Основното обвинителство ја оцени како реакција на предметите кои ги отвара обвинителството на Катица Јанева. Заев потврди дека со својата одбрана во среда ќе изврши увид во доказите кои за овој случај ги поседува Основното обвинителство.