Македонија
11. јуни 2021 - 9:17

Петок пред Духовден, 18 јуни, неработен ден за православните верници

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 18 јуни (петок) пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Неработниот ден е утврден согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07).