Македонија
10. January 2018 - 20:40

Петок неработен ден

Во претпоследната недела од јануари доаѓа уште еден неработен ден – петок 19-ти кога припадниците на православната вероисповед го празнуваат празникот Водици.

Ова претставува и последниот продолжен викенд за овој месец, а следниот продолжен викенд може да го очекувате дури на почетокот на април – за Велигден.