Свет
30. October 2015 - 8:33

Петнаесет лица повредени во пожар во авион, што се подготвувал за полетување на Флорида

Петнаесет лица беа повредени, од кои едено во сериозна состојба, синоќа во пожар во авион на пистата за полетување на аеродромот Форт Лодердејл во американската држава Флорида.

Еден од моторите на леталото избувнало во пламен, што наложило патниците да се евакуираат.

Авионот Боинг 767-200 ЕР, на американската авиокомпанија „Динамик ервејс“, требал да полета за Венецуела.

Меѓу хоспитализираните патници имало и едно дете, соопшти медицински извор.

Вкупно 101 лице, патници и екипаж, биле евакуирани.

Пред избувнувањето на пожарот, пилотот дал сигнал за истекување на гориво од моторот. Останува нејасно што ќе се случело, ако авионот полетал. Поради инцидентот аеродромот беше затворен три часа.