Свет
22. October 2019 - 18:54

Петмина загинати во престрелка на фарма во Ростовската област

Пет лица загинаа за време на престрелка на фарма во Ростовската област, јавија руските медиуми. Во инцидентот се ранети и две други лица.

Според информации од полицијата, конфликтот го предизвикале локални жители, а причината била кавга за пасишта.

Учесниците во иницидентот употребиле ловечко оружје, а како резултат на пукањето пет лица загинале на лице место, додека други двајца со рани биле префрлени во болница.

На местото на инцидентот веќе работи истражно-оперативна група и се утврдуваат околностите заради кои дошло до него.