Свет
18. December 2016 - 17:59

Петмина загинати при престрелка меѓу вооружени напаѓачи и полиција во Јордан

Пет лица, меѓу кои една канадска туристка, загинале, а 22 се повредени при престрелка меѓу вооружени напаѓачи и полиција во јорданскиот град Ал Карак.

Непознати мажи нападнале полициска патрола и отвориле оган врз зградата на жандармеријата во градот. Откако безбедносните сили тргнале кон нив, напаѓачите се скриле во градската тврдина, која е изградена во 12. век од крстоносците, а денес е посетувана од голем број туристи.

Соседните улици биле веднаш евакуирани. Во центар на престрелката се нашол и еден автобус со 20 туристи од Малезија. Туристичкиот водач, кој бил Јорданец, е повреден во нападот.

Како помош од Аман веднаш се испратени специјални единици и хеликоптери.