Петмина загинати и над 380.000 евакуирани од тајфунот Нок-Тен во Филипини
Пет лица загинаа и над 380.000 се евакуирани од тајфунот Нок-Тен, што во текот на Божик удри врз Филипините, соопшти ДПА.
Бурните ветришта и поројните дождови и денеска во оваа азиска држава соборуваа дрвја, разурнуваа куќи и уништија земјоделски култури.
Филипинската полиција соопшти дека три лица загинале во провинцијата Албај, вклучувајќи една 57-годишна жена, што вчера вечер била удрена при уривање на бетонски ѕид од нејзината куќа, и возрасна двојка, кои утринава се удавиле во локалната река.
Маж загинал под урнато дрво од палма, соопшти гувернерот на провинција Кесон, каде се случил инцидентот.
Петата жртва е маж, кој загинал во струен удар од скинат кабел за улично осветление во истата провинција. Уште две лица се примени во болница во истиот инцидент.
Во центрите за евакуација до денеска се згрижени 383. 097 лица, јави Националниот совет за намалување на ризик и управување со природни несреќи.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор