Балкан
19. May 2017 - 14:47

Петмина повредени во тепачка на турски и грчки навивачи во Истанбул

Најмалку пет лица се повредени денеска при тепачка меѓу навивачи на истабулскиот кошаркарски клуб „Фенербахче“ и атинскиот „Олимпијакос“ во центарот на Истанбул.

Според турските медиуми, инцидентот се случил на централниот инстабулски плоштад Таксим, во предвечерието на вечерашните полуфинални натпревари од кошаркарската Евролига што се играат во Истанбул.

Грчката агенција АНА-МПА, јави дека петмината повредени се навивачи на „Оллимпијакос“, како и дека турската полиција привела четири учесници во тепачката, без да ја посочи нивната националност.