Свет
25. March 2019 - 8:32

Петмина повредени при ракетен напад северно од Тел Авив

Најмалку пет лица се повредени во пожар што изби откако ракета погоди една куќа северно од Тел Авив, соопшти утрово израелската полиција.

Израелската војска без да наведува детали соопшти дека е регистриран ракетен напад од Појасот Газа,

Погодената куќа се наоѓа во Мишмерет, село 80 километри од Појасот Газа, кое е ретко мета на ракетни напади.