Македонија
4. August 2021 - 19:51

Петмина бизнисмени од Штип барааат „Стоп за корупцијата во судството“

Група штипски бизнисмени обвинуваат за организиран грабеж од неколку милиони евра, „испумпани“ од нивните сметки преку незаконити судски одлуки и поткуп на судии на подрачјето на Апелациониот суд во Штип.

- Станува збор за речиси десетгодишен систематски организиран криминал и коруптивно делување на пооделни судии од Основните судови и Апелациониот суд во Штип, Основното и Вишото  јавно обвинителство, адвокати, нотари и извршители – сите организирани и кооординирани од Стојанче Рибарев – поранешен судија и претседател на Апелациониот суд во Штип, а потоа и судија на Врховниот суд на Р. Северна Македонија, а сега веќе разрешен од функцијата заради нестручно и несовесно вршење на судиската функција-изјави Ристе Љуботенски, сопственик на ИМАКО-ВИНО“-ШТИП. 

Разрешувањето на Рибарев и уштре тројца судии од штипска Апелација, за покренувачите на иницијативата „Стоп за криминалот во судството“ не е сатисфакција, доколку кривично не бидат гонети за незаконски стекнат имот со злоупотреба на службената положба, но и ако не се изврше ревизија на незаконските судски одлуки.

  • Тие судии ќе треба да објаснат како суделе спротивно на Законот и ги оштетиле фирмите или зазеле страна кое е спротивно на судските постапки-изјавиНикола Љуботенски, бизнисмен. 
  • Големи суми на пари, не случајно сме оштетени ние како стопанство и како фирми- изјави Иле Николовски- сопственик на  „АКТИВА“-ШТИП.

Бизнисмените велат дека ним не им е барано мито, туку поткуп е давано од другите странки во процесот.

  • Значи станува збор за продажба на судски одлуки за пари, а тоа е недозволена трговија со Законот, со моќта и влијанието- додаде Р. Љуботенски

За расчистување на овој мега скандал, стопанствениците ќе побараат и меѓународен мониторинг од мисијата на ОБСЕ и ЕУ.