Македонија
14. July 2018 - 12:45

Петмесечно бебе тешко повредено во страшна сообраќајка во Скопје

Вчера вo 08,46 часот во Скопје на улица „Коце Металец“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т.(38) и патничкио моторно возило „Форд Фиеста“ исто така со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Н.(36) двајцата од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило пет месечно бебе кое било во возилото „Цитроен“, кое е задржано на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.