Македонија
15. March 2021 - 11:40

Петличковски: Тие кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат само со една доза

Тие кои прележале Ковид-19, може да се вакцинираат и по препораките на СЗО, вакцинацијата не треба да биде во првите 3 месеци откако сте ја прележале болеста, изјави д-р Александар Петличковски за емисијата „Студио 10“.

Министерство за здравство препорачува луѓето кои го прележале Ковид-19 во последните 6 месеци, да не се вакцинираат.

„Тоа е препорака, а не обврска. Од луѓе кои ја поминале болеста и примиле вакцина антителата се над горната граница на мерењата. Луѓе кои поминале болест треба да се вакцинираат само со една доза, покажуваат истражувањата“, вели Петличковски.