Македонија
19. January 2022 - 20:35

Петличковски: Не е момент да се фрлат маските

Доктор Александар Петличковски во гостувањето во Тема на денот на Сител истакна дека се уште не е време да се фрлат маските бидејќи пандемијата се уште не е завршена.

- Сојот Омикрон има полесна слика, но не сме сигурни дека кај секој сликата на Омикрон ќе биде таква. Не знаеме во кој момент оваа варијанта на вирусот ќе се промени во опасна. Мислам дека не е момент маските да се фрлат, пандемијата се уште не е завршена. Не е време за олабавување, кажа Петличковски.