Петковиќ: Следната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина ќе биде посветена на ЗСО
Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека следната седница на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што треба да се одржи на 2 мај во Брисел, ќе биде посветена на Заедницата на српски општини (ЗСО).
„Да одиме во најконкретните чекори кога станува збор за формирањето на ЗСО, но не онака како што тоа го сака Албин Курти, туку како што е договорено преку четири договори од 2013 и 2015 година“, рече Петковиќ за РТС.
Првиот чекор, според него, е управувачкиот тим да го претстави својот нацрт на статутот на ЗСО, по што ќе следи расправа за предложениот нацрт, што мора да ги содржи сите одредби договорени во општите принципи од 2015 година.
„На тоа ќе инсистираме, тоа е во духот на договорот и што се договоривме во Охрид. Секако дека треба да инсистираме на тоа, без ЗСО едноставно е невозможно да се зборува за ништо“, оцени Петковиќ, пренесе Бета.
Ново на Сител
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен
-
Австралијци казнети за лажирање рак кај своето дете
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на 5 мали дечиња од Кичево, татко им починал во сон, мајката ги напуштила
-
Серија земјотреси на Света гора – најсилниот 4,6 степени
-
Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година