Петков: Владата на Република Северна Македонија следниот вторник доаѓа во Софија
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков пред денешната владина седница соопшти дека следниот вторник владата на Република Северна Македонија ќе ја посети Бугарија.
„Сите имаме можност да направиме нешто што не е направено во последните 30 години. Навистина мораме да го достигнеме најголемиот дел од задачите што не се завршени. Треба да видиме како да имаме железничка линија меѓу Софија и Скопје во најкус можен рок. Треба да видиме како е можно да се патува со автомобил не 4 часа, туку овие 180 километри (меѓу Софија и Скопје) да поминат многу побрзо, како навистина да има лет Софија-Скопје за половина час, како да има културен календарски и сето тоа ќе треба да се случи на оваа владина седница“, рече Петков. Ќе направиме реален план со реални достигнувања што мора да ги постигнеме во следните шест месеци со средбите кои очекувам да бидат неделни врз основа на различни работни групи“, рече премиерот на Бугарија.
Ново на Сител
-
Сали: Цело време апелираме на вакцинација за да нема товар кон здравствениот систем
-
Сали: Нова апаратура стои по 7-8 години во магацин поради технички причини
-
Сали: Проектот за Клинички центар се дискутира 17 години, првичната идеја е од 2006 - 2007
-
Десната лента од автопатската делница Требениште-Охрид ќе биде готова во август, најави Бочварски
-
Шаќири се сретна со Македон и Или - деца генијалци
-
ФИФА ги одреди судиите за мундијалот во Катар, три дами на главната листа
-
Утре се игра финалето на фудбалскиот куп на Македонија
-
Татко го однел малолетниот син во Полициска станица откако ранил друг малолетник