Балкан
22. јуни 2022 - 19:09

Петков по падот на владата: Еден ден ќе имаме држава без задкулисни игри и без мафија

Бугарскиот премиер Кирил Петков по гласањето недоверба за неговата Влада во Парламентот на Бугарија, рече дека „ова гласање е мал чекор од еден долг пат“.

– Ми беше чест да водам Влада што е соборена од Пеевски, Борисов, Слави Трифонов и Митрофанова. Ветувам дека ќе продолжиме да ја браниме државата. Еден ќе имаме држава без задкулисни игри и без мафија. Една нормална европска држава, потенцира Петков од собраниската говорница.