Балкан
2. October 2022 - 14:08

Петков: Изборот во Бугарија е меѓу враќање назад во минатото и нова Бугарија

– Поранешниот бугарски премиер,  Кирил Петков, кој е копретседател на партијата „Промените продолжуваат“, откако го даде својот глас на вонредните парламентарни избори изјави дека денешното гласање во Бугарија е многу важно.

-Изборот е меѓу враќање во годините на транзицијата и нова и изменета Бугарија, рече Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков кажа дека верува дека сите Бугари во овој момент ќе го направат изборот земјата да тргне напред. Тој кажа дека освен зголемување на приходите на пензионерите, ќе има и зголемување на просечната плата во Бугарија.

-Сите Бугари се надеваат дека секој млад Бугарин ќе ја избере Бугарија за свој дом, дека многу Бугари ќе се вратат од странство, дека ќе имаме просперитетна, способна, земја без корупција, додаде Петков.

Тој кажа дека очекува „Промените продолжуват“, со јасна коалиција околу себе, да управува со бугарскиот народ.