Петкоска: Како пратеникот Лазе Танески стана главен хотелиер во Охрид?
По речиси 8 години охриѓани гледаат дека СДС имале пратеник од Охрид по име Лазе Танески кој дури сега смогна храброст и се појави на комична прес-конференција.
СДС и Танески бесцелно ги напаѓаат градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ кои имаат трипати повеќе доверба од охриѓани за разлика од нив.
СДС и Танески се служат со конструкции и лаги мислејќи дека можат да направат дефокусирање од нивната неспособност и криминал.
Охриѓани да, навистина чекаат одговор, но нив ги интересира каква е состојбата со фамилијарното стебло на пратеникот Танески?
Ќерката е вработена докторка и како најдобра и најзаслужна добила инстант специјализација, а зетот за ќерка е вработен во контрола на летање веднаш после назначувањето на Лаки за претседател на ОО СДС.
Дали партиската определба и фамилијарната поврзаност се основен услов за вработување за СДС и кланот Танески?
Охриѓани чекаат и одговор дали е вистина дека блиска фирма до кланот Танески и зетот има камиони во РЕК Битола и дали е тој директно вклучен?
Охриѓани се прашуваат како Танески стана главен хотелиер молејќи по вратите на локалната самоуправа во време од ВМРО-ДПМНЕ за одобрение за градба на хотелот, каде подоцна со предмет во градежниот инспекторат, базенот и другите помошни објекти се прогласени за дивоградба и не исполнуваат услови за легализација. Токму затоа пратеникот Лазе гласаше за Законот за легализација и ревносно го промовира истиот иако е против препораките на УНЕСКО за кои наводно се изборил тој и СДС.
Охриѓани сакаат да знаат дали кланот Танески има возен парк од преку 200.000 евра и три СУВ возила ауди и кој му ги плати?
Затоа и ја повикуваме ДКСК да го испита возниот парк на чие име се води, затоа што во анкетниот лист како пријавен во ДКСК како пратеник, возилата не се пријавени во него!
Дали е на повидок нов „Артан Груби“ случај од редовите на СДС?
Дали е вистина дека вработените преку Синдикат на РЕК Битола и ЕЛЕМ (сега ЕСМ) летуваат во хотелот Лаки редовно и зошто токму тој хотел е избран од целата охридска ривиера?
СДС и Танески како централна власт немаат ништо сработено за Охрид и никако не можат да се помират дека градоначалникот Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ како локална власт градат и работат домаќински.
Танески и неговиот клан нека си погледне во неговата партија колку нивните функционери се поврзуваат со криминални афери на дневна основа и да дадат одговори на многу прашања.
Почитувана јавност,
Овие се работите кои ги интересираат охриѓани и очекуваат одговори!
Патувањата на СДС и Танески конечно ќе завршат на избори!
Таков силен одговор ќе добијат од граѓаните каков што не може ни да замислат!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Убиен еден од ограбувачите на златарница во Косово, ранет полицаец и приведени седум лица
-
Хамас соопшти кои 30 Палестинци ќе бидат разменети вечерва
-
Финска постави двојна ограда на границата со Русија, сите премини се затворени
-
САД се загрижени бидејќи Хамас и натаму наоѓа финансиска помош во Турција
-
Тепачка во казино во Гази Баба
-
Штип: Двајца дрвокрадци фрлале дрва кога биле фатени на дело со цел да побегнат од полицијата
-
Пријавена тепачка помеѓу два малолетници на Бит Пазар
-
Дачиќ: Да не ни се држат лекции од страна, три четвртини од земјите во ЕУ сега не би го поминале тестот