Спорт плус
11. October 2017 - 20:52

„Петка“ за Алкалоид, пораз за Гамбит Асеко

Македонските екипи Алкалоид и Гамбит Асеко на Европскиот клупски куп што се игра во Анталија во рамките на 4.коло имаа променлив успех. Европскиот првак Алкалиод ја победи француската екипа Ница со 5:1, додека Гамбит Асеко загуби од руската екипа Глобус со 5,5:0,5.
Екипата на Алкалоид забележа пет победи, а триумфи остварија: Динг Лирен, Дмитри Андрејкин, Ју Јангји, Дмитри Јаковенко и Јури Криворучко, додека мечот на втората табла го загуби Павел Ељанов.
Во убедливиот пораз на Гамбит Асеко единственото реми го одигра Марјан Митков, додека порази претрпеа: Петар Арнаудов, Никола Николовски, Богдан Подлесник, Орце Данчевски и Дејан Динев.