-->
-->
Петгодишна Русинка прогласена за „најубаво девојче на светот“
-->
Наследничка на Тилан Блонду од Франција и Кристина Пименова од Русија, носителки на титулата „најубавото девојче на светот“, е петгодишната Русинка Анастасија.
Тилан, која денес има 12 години, пред две години предизвика своевиден скандал со своите фотографии во списанието „Воуг“, за кое позираше со шминка и во потпетици. Десетогодишна Кристина, пак, со своето доаѓање од Москва во Лос Анџелес, веднаш го заведе светот, па потпиша договор со агенцијата „Л.А. Моделс“.
Сепак, сега тие имаат силна конкуренција во двојно помалата Анастасија, која е прогласена за „најубавото девојче на светот“.
Малата убавица, чии што профили на социјалните мрежи сепак ги уредува нејзината мајка, има продорни сини очи и светла иднина на топ модел пред себе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство