Свет
8. August 2016 - 12:31

Петдневен штрајк на железничарите во Југоисточна Англија

Вработените во железницата на Југоисточна Англија, почнаа денеска петдневен штрајк, предизвикувајќи хаос во сообраќајот.

Штрајкуваат вработените во железничката компанија „Темслинк“ во локалниот сообраќај на овој дел од Велика Британија.

Штрајкот ќе трае пет денови, до петок на полноќ, што е најдолг протест на вработените во железницата во Британија, уште од 1968 година.

Синдикатот на железничарите е во остар судир со управата на железничката компанија, околу планот на „Темслинк“ да ја укине работата на кондуктерите во возовите.

Набавени со нови возови, опремени со внатрешни безбедносни тв камери, додека возачите на возовите треба да ја преземат улогата на кондуктерите во оперирањето со возовите.

Синдикатите кои од април повремено организираа еднодневни штрајкови , сега се решени да истрајат до крајот и најавуваат дека нема да попуштат додека компанијата не се откаже од укинувањето на работните места за кондуктерите.

Во овој дел на Англија има многу развиен локален железнички сообраќај, па сега голем број луге кои се постојано ги користат возовите, остануваат цела недела без железничка врска.

Возовите оперираат во англиските области Сасекс и Источен Сари, но го поврзуваат и Лондон, како и областите Кент и Хампшир.