Свет
23. August 2019 - 12:27

Пет жртви во стампедо на концерт во Алжир

Најмалку пет лица вчеравечер погинале во стампедо на концерт во престолнината на Алжир, јавија британските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори од болницата.

Повеќе илјади лица присуствувале на концертот на стадионот во Алжир на локалната рап ѕвезда Абдуларауф Дераџи, попознат како „Сулкинг“.

Засега не се познати причините и деталите од инцидентот.