Свет
2. May 2018 - 22:37

Пет жртви при пад на товарен авион на американската Национална гарда

 Најмалку пет лица загинаа при уривање на товарен авион на американската Национална гарда во близина на аеродромот во Савана, во државата Џорџија, соопшти портпаролот на Националната гарда на Порторико Пол Дален.

Тој додаде дека авионот летал кон Аризона.

Авионот се урнал кај крстосница на два автопати, соопшти претходно локалната агенција за вонредни ситуации на областа Четем.