Свет
6. August 2015 - 16:53

Пет војници и еден цивил загинаа во нови борби во Украина

Во изминатите 24 часа во Украина загинаа петмина војници и еден цивил. Ранети се шет луѓе во борби во источниот дел од државата, соопштија властите во Киев.

- Петмина украински војници загинаа и шест се ранети, изјави армиски портпарол.

Според сепаратистите, загинал еден цивил и еден е ранет од бомбардирање на владините сили врз градот Горловка, што се наоѓа на 30-на километри од бастионот на сепаратистите Доњецк.

Армискиот портпарол додаде дека ситуацијата е се посложена и бомбардирања продолжуваат во Горловка, Мариинка и аеродромот во Доњецк. Над 6.800 луѓе загинаа од почетокот на конфликтот пред 16 месеци. зш/15:27