Пет улични разбојништва во Скопје за нецел час
Пет кривични дела „разбојништво“ биле извршени вчеравечер во Скопје во периодот од 18.50 до 19.30 часот. Полицискиот дневен Билтен во петте разбојништва како сторители наведува две непознати лица кои ограбувале луѓе заканувајќи се со нож.
Првото разбојништво се случило во 18.50 часот на бул. „Партизански одреди“ кога било извршено разбојништво над Т.Г., и му биле одземени 300 денари и слушалки од мобилен телефон. Околу 19 часот на бул. „Партизански одреди“, во близина на Универзална сала, разбојништво било извршено над М.П., при што со закана со нож му биле одземени пари.
Околу 19 часот, на ул. „Даскал Камче“ две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над С.С. и Д.Д., при што им одзеле околу 400 денари и побегнале. Околу 19.30 часот на автобуската станица кај Трговскиот центар Буњаковец две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над А.Р. одземајќи му околу 500 денари и побегнале.
Петтото разбојништво било исто така во 19.30 часот на ул. „Иван Козаров“ кога две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над тројца малолетници, при што им одзеле 500 денари и побегнале.
МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на сите случаи.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца