Свет
29. May 2016 - 20:53

Пет украински војници загинаа при напад од сепаратистите

Петмина украински војници загинаа, а четворица се повредени во последните 24 часа при нападна проруските бунтовници во сепаратистичките источни региони, изјави портпаролот на армијата Олександар Мотузјаник.

Тој додаде дека селото Авдивка е цел на нападите на сепаратистите.

Претставници на сепаратистите вчера изјавија дека при напад на украинската војска загинале двајца цивили.