Свет
4. November 2015 - 21:29

Пет студенти прободени со нож на Универзитет во Калифорнија

Петмина студенти се избодени со нож во универзитетскиот град во американската сојузна држава Калифорнија, а осомничениот напаѓач е застрелан одобезбедувањето, при што подоцна им подлегнал на повредите.

Двајца повредени студенти се хоспитализирани, а другите добиле медицинска помош на местото на нападот.

Дел од локалните медиуми објавија дека напаѓачот бил поранешен студент на Универзитетот.