Македонија
18. January 2017 - 10:02

Пет сообраќајки во изминатото деноноќие, четворица полесно повредени

Пет сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје, од кои во три со полесни повреди се здобиле четири лица, а во две е причинета материјална штета.

Од страна на сообраќајната полиција, вчера санкционирани се двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, осум возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и осум возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 35 непрописно паркирани возила

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 70 возила.