Пет сообраќајки вчера во Скопје, тројца повредени
Три лица се полесно повредени во две од пет евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Останатите три сообраќајки се со последица материјална штета.
Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељаноски, сообраќајната полиција вчера санкционирала 17 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца поминале на црвено светло на семафорот, 32 возеле без сигурносен појас или зборувале на мобилен, а шест не ги почитувале правилата за престигнување и обиколување на Моторните возила.Отстранети се и 38 неправилно паркирани возила.
Од МВР информираат дела денеска ќе одржиме сообраќајна поука на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци во својство на возачи кои не го користеле сигурносниот појас или користеле мобилен телефон при возење, непрописно се престроиле пред крстосница, како и возачи кои што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење..
Во делот на превентивните активности се предвидени едукативни работилници со учениците од II и IV одделение во О.У„ Дане Крапчев“ и ОУ „Н.Н. Борче“општина Гази Баба.
За вечер во 19 часот пред зградата на Собрание на РМ е најавен мирен протест на ГДОМ. Од причини што се очекува присуство на поголем број на граѓани, а со цел овозможување на безбеден и уреден сообраќај од страна на полицијата ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување а по потреба и пренасочување на сообраќајот, истакнуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана