Живот
8. November 2016 - 22:05

Пет причини зошто е корисно да се пие ракија

Иако многумина нема да ви поверуваат дека оваа навика е здрава, понудете им некој од овие 5 издржани изговори зошто е корисно да се пие домашна ракија.

Го продолжува животниот век

Преголемите количини ракија, како и секој друг алкохол, секако дека не ви е од корист, но умерената количина може да ви го продолжи животот. Богата е со антиоксиданси кои помагаат во борбата со радикалите кои се пак главна причина за стареење.

Ослободува од стрес

Ако повторно пиете во умерени количини, ракијата делува позитивно на нервниот систем. Повторуваме – во умерени количини.

Го намалува ризикот од мозочен и од срцев удар

Одлична работа е што ракијата спречува создавање наслаги во кардиоваскуларниот систем, односно ви помага да го намалите количеството на холестерол. А, сето тоа води до намален ризик од срцев и мозочен удар.

Помага во превенцијата на настинки

Веројатно знаете дека е одличен лек против кашлица. Исто така, бактериите од грлото лесно се чистат со чашка ракија. Најдобар ефект ќе постигнете ако ја промешате со малку топла вода и исцеден лимон.

Не дебелее

Еве одличен аргумент – за разлика од газираните сокови, па дури и „природно цедените“, ракијата има минимален број на калории.