Бизнис
21. December 2018 - 21:42

Пет плански региони ќе добијат половина милион евра за изградба на патишта до земјоделските посеви

Пет плански региони ќе добијат близу половина милион евра, буџетски средства за изградба на пристапни патишта до земјоделските посеви. Парите ќе ги  добијат Пелагонскиот, Вардарскиот, Североисточниот, Југоисточниот и Источниот плански регион. Критериумите според кои се избрани се минимум 40 отсто обработливо земјоделско земјиште и бројот на општини опфатени со проектите.

-Оваа поддршка е дел од нашите капитални вложувања директно во земјоделството од што бенефит ќе имаат земјоделците. Целта е со средствата што ги доделуваме денеска да ја подобриме руралната патна инфраструктура која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството. Со тоа ќе се олесни пристапот до обработливите површини, ќе се зголеми и олесни производството на земјоделски производи, а ќе се  создадат и подобри услови за живот во руралните средини, рече Николовски.

Со овие пари ќе се изградат патишта во должина од околу 50 километри.

Инфрастуктурните проекти треба да се реализираат за 12 месеци од денот на потпишување на договорите. За реализација побарани биле 650 милиони , но министерстовото одобрило 487 милиони евра, бидејќи проектот се применува прв пат. Министерот најави дека в иднина ќе се издвојат повеќе пари за развој на руралната патна инфраструктура.