Ракомет
16. August 2018 - 13:55

Пет од пет за Македонија на ЕХФ шампионатот, Симоноски најуспешен

Македонската ракометна репрезентација со максимални пет победи ја заврши групната фаза на Европското првенство за играчи до 18 години што се одржува во Грузија.

„Црвено-жолтите“ попладнево ја совладаа Естонија со 26:22 за потврда на 1.место во А-групата.

Најуспешен и денеска, со најмногу постигнати голови, 7 на натпреварот беше Кристијан Симоноски.

Македонската селекција како првопласирана од групата се пласира во полуфиналето.

Противник на избраниците на селекторот Данило Брестовац во полуфиналната фаза ќе биде второпласираниот од Б-групата, а ќе се знае вечерва по одигрување на натпреварот меѓу Белорусија и Италија.