Македонија
16. September 2020 - 13:57

Пет нови случаи на коронавирус во Тиквешко

Пет нови случаи на коронавирус  се регистрирани во Тиквешко во изминатите 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станува збор за тројца мажи и две жени, на возраст од 33 до 50 години.  Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.

Три од лицата се од Кавадарци, a имале симптоми по контакт со член на семејството кој бил претходно позитивен на Ковид-19. Двете други лица, од Неготино и Росоман, не знаеле каде се заразиле.