Македонија
26. November 2015 - 9:39

Пет нови автобуски постојки во Општина Илинден

Во Општина Илинден се поставени пет нови автобуски постојки, на места каде што досега немаше или постоечките настрешници беа стари, оштетени и дотраени.

Според Општина Илинден, автобуските постојки се изработени според светски стандарди и се далеку побезбедни за корисниците на јавниот превоз, а се состојат од повеќе елементи: настрешница, клупа за седење, корпа за отпадоци и информативна табла.

- Со реализацијата овој проект Општина Илинден на своите граѓани им овозможува модерни автобуски постојки, ќе го подобри квалитетот на живеење и ќе придонесе кон урбаниот изглед на општината, се вели во соопштението од општина Илинден.