Пет награди за македонски готвачи на Меѓународно првенство во Будва
Македонски готвачи - шефови на кујни освоија пет награди на 10. Меѓународен гастрономски фестивал што се одржа во Будва во организација на Здружението на шефови на кујни на Црна Гора.
Македонскиот национален тим освои два златни и два бронзени медали и една диплома за четврто место.
Македонскиот тим настапи со тројца натпреварувачи во сениорска конкуренција, а во поединечна конкуренција натпреварувачите подготвуваа топло предјадење од риба и морски плодови, главно јадење од пилешко или избор по сопствена желба и десерт.
Македонските готвачи се натпреваруваа во конкуренција на готвачи и шефови на кујни од 11 земји учеснички на годинашниот натпревар и тоа од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија, Словачка, Украина, Турција, Русија и Албанија.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите