Свет
6. October 2018 - 13:02

Пет лица загинаа во термоелектрана во Кина: Поправале бојлери кога настанала хаварија со јаглерод моноксид

Пет лица настрадаа, а 15 се повредени поради истекување на јаглерод - моноксид во термоелектрана во провинцијата Гансу, на северозападот на Кина, јави агенцијата Синхуа повикувајќи се на локалните власти.

До истекување на јаглерод моноксид дошло нешто по 11 часот по локално време во електраната Џинчуан Груп Ко додека работниците ги поправале бојлерите.

Сите 15 повредени се во болница, а локалните власти го истражуваат инцидентот, наведува Синхуа.