Пет лица загинаа во нападот во Норвешка
Бројот на жртви во вчерашниот напад со лак и стрела во Норвешка достигна пет лица, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми.
Маж со лак и стрела изврши напад во градот Конгсберг, каде живеат околу 28 илјади жители, а се наоѓа југозападно од Осло.
Напаѓачот е уапсен, а полицијата истражува дали користел и некое друго оружје.
Инцидентот се случи вчера во 6:30 часот наутро по локално време, а полицијата соопшти дека ќе спроведе истрага за да утврди дали нападот има некаква врска со тероризам.
По нападот, полициската управа им нареди на полицајците низ целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.
Нападот се случува 10 години по најтешкиот терористички напад во земјата, кога 77 луѓе беа убиени од ултрадесничарски екстремист. На 22 јули 2011 година, Андерс Беринг Брејвик активираше автомобил-бомба во Осло, убивајќи осум луѓе, пред да замине на островот Утоја, каде што отвори оган врз присутните на годишниот летен камп што го организираше младинската организација на Лабуристичката партија, при што загинаа 69 луѓе, главно тинејџери и млади луѓе.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени