Свет
29. March 2021 - 8:38

Пет лица загинаа при уривање на хеликоптер во Алјаска

Најмалку пет лица загинаа, а едно лице е повредено при уривање на хеликоптер во американската сојузна држава Алјаска, соопштија локалните власти.

Меѓу загинатите е пилотот и четворица патници – еден од Колорадо, двајца од Чешка и двајца од Алјаска.

Единствениот преживеан во несреќата е веднаш хоспитализиран во градот Енкориџ со сериозни повреди, но е во стабилна состојба.

Американската Сојузна управа за воздухопловство објави дека засега не се познати причините за уривањето на хеликоптерот.