Пет лица приведени откако кај нив е најдена дрога
Тетовската полиција информира дека во три случаи ноќеска од 22 часот до 2 часот се приведени пет лица кај кои е најдена дрога. На улица „Љуботенска“ во Тетово околу 22 часот лишен од слобода е 41-годишник од Тетово затоа што кај него бил пронајден кокаин. Половина час подоцна на улица „29 Ноември“ во Тетово, 26-годишната жена од градот е приведена затоа што и бил пронајден кокаин.
-Ноќеска околу 2 часот и 10 минути, на локален пат во тетовско Теарце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.А.(24) и В.А.(20) од тетовско Пршовце и Д.С.(21) од кумановско Слупчане, кои десетина минути пред тоа на регионалниот пат Џепчиште-Пршовце не застанале со нивното возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое тројцата се превезувале и се обиделе да удрат еден од полициските службеници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според информацијата на СВР Тетово при преглед на возилото им биле пронајдени хашиш, марихуана и спреј-солзавец. Трите лица се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе се соочат со соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците