Балкан
28. January 2016 - 0:00

Пет лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и четиригодишно дете, во судар на два автомобили што се случи вечерва во Ниш.

Повредените со екипа на Итна помош се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Детето имало повреди на стомакот, две жени повреди на стомак и карлица, а двајца мажи биле со повреди на глава, од кои еден со потешки.

Во нишката полиција велат дека сударот се случил меѓу две возила кои се движеле во спротивна насока, а причината за несреќата не е утврдена.